Факултет за технички науки и информатика

Зошто да студирате технички науки и информатика?

Зошто да студирате

Како што технологијата се развива, има сè поголема потреба од инженери во областа на информатиката како и стручни лица во областа на техничките науки.

Техничките науки и информатиката се во подем

Техничките науки и информатиката се во првите редови на иновациите. Изучувањето на овие дисциплини ви обезбедува знаења и вештини со кои можете да придонесете за откритија во технологијата, обликувајќи ја иднината на различни индустрии.

Каде би работеле?

Техничките и компјутерските науки имаат примена во сите сектори, вклучувајќи здравство, финансии, телекомуникациски компании и многу повеќе. Ова им овозможува на дипломираните студенти да работат во области кои се во согласност со нивните инатереси.

Практична настава

За да бидете добри во она што го работите, потребно ви е постојано вежбање и пракса. Нашиот факултет го нуди токму тоа! Квалитетот на практичната настава што го нудиме ќе овозможи да бидете конкурентни на пазарот и ќе ви отвори вратите за вработување секаде во светот. Затоа што практичното знаење е најважно!

parallax background

За факултетот

Практични знаења и вештини

Ние градиме факултет кој ќе биде претпознатлив по применетата информатика и стручните лица за вршење на работи од областа на техничките науки, а за таа цел имаме ангажирано професори кои се врвни експерти во својата област и имаат практично искуство, стекнато со реализација на проекти во светски рамки.
Главната цел на Факултетот за технички науки и информатика е да ги подготви студентите со практични знаења и вештини од областа на компјутерските технологии и техничките науки со кои тие ќе можат да се вклучат во деловните процеси веднаш по дипломирањето.


 

180 ЕКТС

ДОДИПЛОМСКИ
СТУДИИ


Факултетот за технички науки и информатика нуди четири студиски програми на додипломските студии. Сите студиски програми се со времетраење од три години.

Решавањето на проблеми е можеби најважниот дел од информатиката како наука. Предметите кои се опфатени во наставните програми на овие две студиски програми ќе ги научат студентите за дизајнот и развојот на софтверски решенија кои помагаат во решавање на проблеми од разни области.



дознај повеќе

300 ЕКТС

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ
СТУДИИ


Факултетот за технички науки и информатика нуди две насоки на последипломските студии од областа на информатиката. Од последипломските студии нудиме специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС) и магистерски (петта година – до 300 ЕКТС).

Последипломските студии се дизајнирани за да понудат идеален баланс помеѓу теорија и пракса, а можат да служат и како надополнување на Вашето претходно знаење од друга област, што може да обезбеди работно место на интердисциплинарна позиција.



дознај повеќе


Информации за студенти

Предавања и испити

Организација на семестри

Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри, зимски и летен. Зимскиот семестар започнува на 1 октомври и трае до 14 февруари наредната година, а летниот започнува на 15 февруари и завршува на 30 јуни.

Распоред на активностите

Студентите од секоја насока вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.

Предавања

Наставата од Факултетот за технички науки и информатика се изведува во Битола и Свети Николе, односно секој студент ја следи онаму каде се има запишано.

Практична настава

Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат компанија или организација каде ќе ја вршат истата. Можат да изберат некоја од институциите со кои универзитетот има договор или пак институција по нивни избор.


parallax background
Електронска и бесплатна

ЛИТЕРАТУРА

Литературата за голем дел од предметите на Факултетот за технички науки и информатика е достапна на платформата за E-учење на нашата веб страна и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив.

На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.


 

 

Наши изданија за наши студенти

Дополнително, литература во печатена форма е достапна во студентската книжарница. Дел од нашите професори имаат изготвено и учебници и скрипти кои можат да се набават по пристапни цени. Учебниците се издаваат од официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета. Студентите не се обврзани да ги купуваат материјалите.

Учебниците можат и да се позајмуваат

Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти. Истите изданија кои се оставени на продажба во книжарницата од библиотеката може да се позајмат бесплатно.

Нов модел

Помош и менторство

Модел на менторство

На почетокот на годината можете да го посетите нашиот Центар за кариера и да побарате да Ви биде доделен ментор. Менторот може да Ви го додели Центарот за кариера, а можете да го изберете и сами.

Менторот ќе Ви ги даде насоките

Центарот за кариера на универзитетот е на располагање постојано за сите прашања на студентите. Наша цел е на сите студенти да им овозможиме пријатна атмосфера која ќе им помогне на студентите да го остварат својот академски потенцијал.

Кои се карактеристиките на добар ментор?

Менторот го охрабрува својот студент, му дава совети и го бодри да оди напред кон поголеми успеси и достигнувања.

Зошто менторството е добро за студентот?

Менторот ќе Ви помогне да согледате каде се наоѓате сега, каде сакате да бидете и како да стигнете до таму. Ќе укаже на потребните промени за совладување на дадени препреки со цел да го подобри Вашиот професионален развој.

Декан на факултетот

проф. д-р
Сашо
МАНАСОВ


Редовен професор

„Почитувани студенти,

„Денес живееме во свет на глобализација кога квалитетот и знаењето се поважни од кога било.“

...

„Информатиката, знаењето, a особено практичното знаење, ги отвора сите порти, секаде во светот. Затоа е од исклучителна важност со каков квалитет на практично знаење ќе се здобие студентот по завршувањето на студиите.“

...



Прочитајте го целото обраќање

Сите информации на едно место

Упис на додипломски студии

Сите информации на едно место

Упис на последипломски студии

Документи за упис

  • Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  • Свидетелства од сите 4 години;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • Копија од државјанство;
  • 4 мали фотографии во боја

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.

Документи за упис

  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • Уверение за положени испити;
  • Копија од лична карта;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • 4 мали фотографии во боја

Школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра или 1730 евра, зависно од избраната студиска програма (за една учебна година) во денарска противвредност. За можните попусти кликнете овде.