Последипломски студии

Насока Маркетинг менаџмент (4+1)

Маркетинг е областа од менаџментот која се занимава со истражување и задоволување на потребите на клиентите, низ развивање на производите и услугите што ги нуди компанијата и нивно прилагодување на барањата на пазарот. Како негови неизоставни делови се јавуваат планирањето, одредувањето на цената, рекламирњето, промоцијата и дистрибуцијата.

На насоката Маркетинг менаџмент ќе научите за цврстите и нераскинливи врски кои постојат во праксата помеѓу маркетингот и финансиите, сметководството, персоналот, информатичките системи, бизнис комуникациите и стратешкиот менаџмент. Студиите се последипломски, со траење од една година (4+1), а по дипломирањето се стекнувате со стручен назив Магистер по економски науки.

Овде, како иден маркетинг менаџер, ќе научите како да ги развивате и менаџирате секојдневните релации што се воспоставуваат помеѓу клиентите, конкуренцијата, партнерите, добавувачите и останатите учесници во процесот на продажба.

Наставна програма

Маркетинг менаџмент

Факултет за економија и организација на претприемништво
Насока Маркетинг менаџмент
МАГИСТЕР НА ЕКОНОМСКИ НАУКИ
Едногодишни студии
1 СЕМЕСТАР
Предмет ЗАД/ИЗБ ЕКТС Оптовареност
1 Теорија на маркетинг Задолжителен 9 270
2 Маркетинг менаџмент Задолжителен 9 270
3 Политика на продажба и цени Задолжителен 9 270
2 СЕМЕСТАР
4 Политина на производ и промоција Изборен 8 240
5 теорија на купување на потрошувачите Изборен 8 240
6 Методологија и научна теорија Ун. Изборен 8 240
7 Организациски менаџмент Ун. Изборен 8 240
Практична работа 4 120
Нацрт на магистерски труд 3 90
Магистерски труд 10 300


Насока Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)

На насоката Менаџмент со човечки ресурси ќе научите да „направите место“ за современите модели на управување, кои се пофлексибилни, попрактични и секако, похумани. Студиите се последипломски, со траење од една година (4+1), а по дипломирањето се стекнувате со стручен назив Магистер по економски науки.

Менаџментот со човечки ресурси може да биде дефиниран како менаџирање на работата и луѓето со цел да се постигнат саканите резултати. Ова е клучен дел од секоја организација и овде на исто мерило се ставаат високите перформанси на луѓето вклучени во организацијата, како и целите на истата.

Во современите организации, од сите основни ресурси (суровини, машини, капитал, луѓе) акцентот свесно се става на луѓето. Менаџментот на човечките ресурси е комплексен процес, тесно испреплетен со други аспекти во бизнисот и е стратешки партнер во придонесот за реализација на поставените цели.

Наставна програма

Менаџмент со човечки ресурси

Факултет за економија и организација на претприемништво
Насока Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија
Магистер на економски науки
Едногодишни студии
1 СЕМЕСТАР
Предмет ЗАД/ИЗБ ЕКТС Оптовареност
1 Менаџмент со персонал Задолжителен 9 270
2 Mеѓународен менаџмент Задолжителен 9 270
3 Организациски дизајн и промени Задолжителен 9 270
2 СЕМЕСТАР
4 Маркетинг менаџмент Изборен 8 240
5 Менаџмент на малиот бизнис Изборен 8 240
6 Методологија и научна теорија Ун. изборен 8 240
7 Организациски менаџмент Ун. изборен 8 240
Практична работа 4 120
Нацрт на магистерски труд 3 90
Магистерски труд 10 300