Зошто да студирате безбедносно инженерство

Ќе студирате на првиот и единствен ваков факултет во Македонија

Република Македонија ги следи eвропските трендови во областа на безбедноста при работа и пожари. Во денешно време евидентна е потребата од стручни лица за вршење на работи од областа на безбедност и здравје при работа и безбедност од пожари.

Нашиот факултет е прва и единствена високообразовна и истражувачка установа во Р. М. од тој вид.

Овде Вашата кариера е безбедна

Должност на работодавачите е да го имплементираат Законот за безбедност и здравје при работа, па така тие се должни да вработат инженери за безбедност при работа и безбедност од пожари.

Се повеќе работодавачи од домашни и странски претпријатија бараат дипломирани инженери од нашиот факултет, кој е единствен од овој тип во Македонија. Тоа ни дава за право да констатираме дека овој факултет ќе биде факултет на иднината, за што зборува и се поголемиот интерес на студентите за него.

Што по дипломирањето?

Дипломата од Факултетот за безбедносно инженерство овозможува широка можност за вработување во: мали, средни и големи претпријатија (индустрија, градежништво, сообраќај, шумарство, земјоделство, трговија, угостителство, водостопанство и др.) министерства, образовни организации, научно-истражувачки организации, инспекциски органи итн.