Факултети

Нашиот универзитет е составен од пет факултети и два институти. Секој од факултетите функционира според свои правила, но секој од нив се води според генералната политика на универзитетот.

Нашите факултети се повеќе од само факултети. Тие се Вашиот втор дом

Нашите студенти поминуваат голем дел од своето време на факултет и со право може да се рече дека за време на студиите факултетот станува нивни втор дом. А домот не би бил дом без поддршка, разбирање, време за релаксација и дружба. Ние сакаме учењето да го направиме што е можно попријатно за нашите студенти!

Професорите се дел од најистакнатите експерти во Македонија, секој во својата област. Секогаш се достапни во и вон наставата, за секое прашање можете да ги барате, а тие со задоволство ќе Ви помогнат.

Нашите студенти уште од почетокот на годината добиваат свои ментори кои ќе го надгледуваат нивниот напредок во текот на студирањето и ќе ги поддржуваат во нивната кариера.

Менторите исто така ќе им помагаат да се вклучат и во дополнителните активности кои се важни за нивната кариера и се организирани од универзитетот или други организации и компании. Овие активности се различни и зависат од факултетот на кој студира студентот.

Декани

Секој од факултетите има декан кој е одговорен за насоката на работење на факултетот, наставните програми, дополнителните активности итн. Деканите ја организираат и работата на професорите, планираат и донесуваат одлуки за промени во студиските програми, надополнување на наставата со нови методи на учење итн.

Додипломски студии

На додипломските студии имаме 5 факултети со вкупно 8 насоки. Секој од факулетите опфаќа посебна област.

Факултет за економија и организација на претприемништвото

  • Менаџмент на организација (4+1)
  • Финансии и кредит (4+1)

Факултет за психологија

  • Општа психологија (4+1)

Факултет за информатика

  • Софтверски технологии (3+2)
  • Компјутерски системи и мрежи (3+2)

Факултет за безбедносно инженерство

  • Безбедност при работа (3+2)
  • Безбедност од пожар (3+2)

Факултет за правни науки

  • Правни студии (3+1)

Кај факултетот за правни науки првите три години се општи студии, а во четвртата година студентите избираат модул.

Последипломски студии

Факултет за економија и организација на претприемништвото

  • Маркетинг менаџмент (4+1)
  • Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)

Факултет за психологија

  • Психологија во социјалната заштита (3+2) и (4+1)
  • Клиничка и советодавна психологија (3+2) и (4+1)

Факултет за безбедносно инженерство

  • Безбедност при работа (3+2)
  • Безбедност од пожар (3+2)

Факултет за правни науки

  • Административно право и јавна администрација (3+1)
  • Граѓанско право (3+1)
  • Казнено право (3+1)
  • Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1)
  • Финансии и деловно право (3+1)